понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Познати

Ријалити ѕвездата за малку ќе се запалеше: Дуваше свеќи, па пламенот и ја запали косата, едвај извлече жива глава (ВИДЕО)

Ријалити ѕвездата за малку ќе се запалеше: Дуваше свеќи, па пламенот и ја запали косата, едвај извлече жива глава (ВИДЕО)

Требаше да биде незаборавна прослава на четириесеттиот роденден – па така и се случи!

Никол Ричи сподели видео од прославата на својот роденден, на профилот на Инстаграм, но никој не очекуваше што ќе се случи на крајот.

Додека ги дуваше свеќите поставени на роденденската торта што стоеја пред неа, и додека сите ентузијастички навиваа да ги изгасне во еден здив, се случи момент на невнимание што речиси заврши катастрофално.

Никол Ричи не ни забележа како со својата коса премногу се приближува до свеќите, коиѝ ја зафатија косата. Сите околу неа почнаа да викаат, а кога огнот зафати голем дел од косата, снимката престана.

Со објавената снимка, Ричи напиша – „Па, засега, четириесеттите се огнени“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NICOLE RICHIE (@nicolerichie)

Најнови вести

Локални избори 2021