понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Познати

Ричард Гир на 70 години чека второ дете со младата сопруга

Ричард Гир на 70 години чека второ дете со младата сопруга

Холивудскиот актер Ричард Гир кој во август наполни 70 години, повторно ќе стане татко. Неговата сопруга, Шпанката Алехандра Силва (36), е бремена со нивното второ дете.

Шпанскиот магазин „Ола!“, кој ја објави бомбастичната вест за раѓањето на првото дете на парот во февруари и објави ексклузивни фотографии од нивната свадба во мај 2018 година во близина на Њујорк, вели дека бебето треба да се роди „следната пролет“.

Ричард Гир има син на возраст од 19 години, Хомер Џејмс Jигме Гир, со поранешната сопруга Кери Лоуел.

 

Коронавирус