понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

Револтирана и бесна: Тамара Тодевска се врати од одмор, па јавно се пожали што ја снајде

Револтирана и бесна: Тамара Тодевска се врати од одмор, па јавно се пожали што ја снајде

Тамара Тодевска летово навистина знае да ужива. Пејачката прво замина на одмор кај нашите јужни соседи, каде што заедно со семејството, односно сопругот Александар и малата Хана се одмораа за време на топлите денови.

Таа на кратко се врати во Гевгелија каде што заедно со нејзините најмили го откри и полот на бебето, така што Тамара наскоро ќе стане мајка и на момче.

Потоа пејачката повторно замина на одмор, а овој пат и се придружи и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ.

Но, откако се врати во Македонија се соочи со еден „проблем“ , па јавно се пожали на својот Фесјбук профил.

❤️ 3+1/2 ❤️

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Имено, пејачката напиша дека и пристигнала порака дека и е потрошен интернетот на нејзиниот мобилен телефон, а во текот на месецот била само два дена во Македонија.

„,Ми стига порака дека сум потрошила 80% од интенретот. Чекајте малку другари. 15ти јули е. Месецов само два дена бев во  МК. Како  е ова можно, може ли да ми објасните?“ – напиша Тодевска на Фејсбук.

Инаку, покрај тоа што одмараше Тодевска и сними спот за својата нова песна „Довидување таго“ која наскоро ќе биде промовирана.

vistina.mk

Коронавирус