вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 159
home Познати

Редок постер со Елвис Присли на аукција- продаден двојно повеќе од очекуваното

Редок постер со Елвис Присли на аукција- продаден двојно повеќе од очекуваното

Редок постер со Елвис Присли од 1955 година, беше продаден на аукција во Северна Каролина за 42.500 долари, соопшти аукциската куќа „Херитиџ Окшнс“, чие седиште е во Тексас.

Се работи за плакат што го најави концертот во градот Ралej, Северна Каролина, на 19 мај 1955 година. Постигнатата цена на наддавањето, е двојно поголема од очекуваната, а новиот сопственик е од Калифорнија, јавуваат локалите медиуми.

Продавачот и купувачот претпочитаат да останат анонимни, се вели во соопштението на „Херитиџ Окшнс“.

Коронавирус