вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 32
home Познати

Разводот го чинеше 38 милијарди, но веднаш си најде утеха во новата девојка (ФОТО)

Разводот го чинеше 38 милијарди, но веднаш си најде утеха во новата девојка (ФОТО)

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, за прв пат пред јавноста се појави со својата нова партнерка откако се разведе, а тоа реши да го направи на финалето од тенискиот турнир Вимблдон.

Сопственикот на „Амазаон“ заедно со Лорен Санчез го гледаа пет часа натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Федерер.

Безос само што се разведе официјално со својата сопруга Мекензи Безос во разделба што го чинеше 38 милијарди. Разводот се најавуваше од јануари, а претходно тие беа во брак 25 години.

Санчез е поранешна ТВ-презентерка, а позната е и по тоа што знае да управува хеликоптер.

Досега таа со големиот бизнисмен и претприемач се сретнуваше инкогнито.