среда, 2. декември 2020. Вести денес: 192
home Познати

Расветлена аферата од Белата куќа: Клинтон прозборе за Моника Левински

Расветлена аферата од Белата куќа: Клинтон прозборе за Моника Левински

Новиот документарец за Хилари Клинтон дава светло на најпознатио секс-скандал во Белата куќа.

Поранешниот претседател на САД, во документарниот филм „Хилари“ истакнал дека кога ја запознал Моника Левински бил под голем стрес поради работата и дека аферата со неа му помогнала да се носи со проблемите и да ги оттргне мислите од истите.

Воедно, Бил Клинтон првпат јавно и се извини на Левински и додал дека жалли што таа станала позната во светот по нивната врска. За потсетување, Клинтон последен пат зборуваше за скандалот во 2018 година и предизвика згрозување кај јавноста кога истакна дека на Левински не и должи јавно извинување.

Во документарецот раскажува како во 1998 година морал се’ да и раскаже на својата сопруга Хилари, по што следувале долго и мачно брачно советување.

-Седев на креветот и разговарав со неа. И кажав се’ што се случило и како се случило. И реков дека се чувствувам грозно, поминавме многу работи последните неколку години. Немав објаснување, а тоа што го направив не е за простување, истакна Бил.

Хилари исто така пред камерите го искоментирала скандалот.

-Бев скршена. Не можев да верувам. Бев толку повредена што не можев да верувам. Не можев да поверувам дека ме лажеше, истакнала таа и додала дека во тој момент му кажала на Бил дека ова треба да и го каже и на нивната ќерка, што му паднало уште потешко.

На прашањето зошто го ризикувал својот брак, семејството и кариерата Бил истакнал дека во тој момент воопшто не размислувал на тие работи. Притисокот кој му го носела должноста која ја извршувал во Белата куќа бил преголем.

-Тоа не е мое извинување, само објаснување. Се чувствувам ужасно, открива Бил.

Двајцата се согласуваат дека брачното советување било тешко и болно.

Најнови вести

Коронавирус