понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 130
home Познати

РАСТА НЕ БИЛ САМ – Со него бил и СИН НА ПОЗНАТ ПЕЈАЧ за време на апсењето

РАСТА НЕ БИЛ САМ – Со него бил и СИН НА ПОЗНАТ ПЕЈАЧ за време на апсењето

Стефан Ѓуриќ Раста, беше уапсен со дрога минатиот петок, после долга истрага на полицијата, а апсењето се случило за време на средбата со неговиот пријател и соработник Ален Сакиќ, синот на покојниот Синан Сакиќ, објавија српските медиуми.

Од моментот кога тој започнал да покажува како се консумира марихуана на социјалните мрежи, промовирајќи ја како здрав начин на живот, властите започнале да собираат докази против него. Така било сè до минатиот петок, кога Раста добил покана од пријател, за кој се сомнева дека е Ален, да се сретнат во центарот на Белград, во близина на зградата во која живее.

– Еј, друже, донеси ми салата (сленг за марихуана и сканк, ур.) – му рекол на Раста, пријателот за кој српските медиуми пишуваат дека е Ален Сакиќ.

Тоа било доволно за полицијата, која го слушала овој разговор, да преземе нешто. Тие брзо го пронашле Ѓуриќ во центарот на Белград, со Сакиќ и уште едно лице со него. Полицијата извршила и претрес на Раста и во околината при што пронашле неколку пакувања марихуана, по што тој бил уапсен.

Полицајците кои го уапсиле биле во цивилна облека, а се дознава дека, Раста често доаѓал во областа каде што живее Ален. Секогаш паркирал пред зградата, а потоа синот на Синан влегувал во неговиот џип, а по неколку минути излегувал, по што раперот си заминувал.

На Раста му е одреден притвор во траење од 30 дена под сомнение дека бил вмешан во трговија со дрога. Тој беше сослушан во неделата во Вишото обвинителство, по што беше однесен во Централниот затвор. Во зависност од тоа како кривичното дело ќе се квалификува во обвинението, затворската казна се движи од три до 12 години затвор.

Инаку, тој досега е фатен со марихуана најмалку два пати, по што доби кривични пријави и парични казни.

Коронавирус