сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Познати

„Раскажи им на сите како те тепаше жена од 50 килограми“: Амбер Херд го понижува Џони Деп (АУДИО)

„Раскажи им на сите како те тепаше жена од 50 килограми“: Амбер Херд го понижува Џони Деп (АУДИО)

Откако во медиумите се појави аудио снимка во кое актерката Амбер Херд признава дека го тепа својот поранешен сопруг Џони Деп, сега „Дејли мејли“ објави нова снимка во кое Амбер го исмејува  актерот.

Амбер му вели на Деп дека никој нема да му поверува дека го тепа жена од 40 килогрмаи.

-Кажи на целиот свет, кажи им. Јас, Џони Деп, маж, сум жртва на насилство. Па, види колку луѓе ќе ти поверуваат.  Ти си поголем и посилен од мене, јас сум жена од 50 килограми. Ќе застанеш во судница и ќе им кажеш: „Таа започна“. Навистина? Судијата ќе не погледне двајцата и ќе види дека постои огромна разлика меѓу нас, вели Амбер.

„Дејли мејли“ дојде до снимка од 2015-та година.

Снимката од два часа ја снимала Амбер, но не е познато како се појавила во јавност.

Брачниот пар се разведе во 2016 година и Амбер прифати седум милиони долари во замена за мир во нивниот меѓусебен однос. Но, неколку месеци подоцна таа себе јавно се нарече жртва на насилство, па Џони ја тужел за клевета и барал отштета од 50 милиони долари.

Коронавирус