недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Познати

Раперот Кендрик Ламар „крал“ на Греми наградите со осум номинации

Раперот Кендрик Ламар „крал“ на Греми наградите со осум номинации

Американскиот рапер Кендрик Ламар доби осум номинации за музичките Греми награди, меѓу кои и номинации за најдобар албум и песна на годината.

Медиумите оценуваат дека Ламар станал „крал на Греми наградите” и оти неговиот албум, кој е дел од филмот „”Црн Пантер” му ги донел номинациите.

Веднаш зад Ламар, е канадскиот рапер Дрејк со седум номинации.

Церемонијата на врачување на наградите ќе се одржи на 10 февруари 2019 година во Лос Анџелес. (МИА)