понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Познати

Раперот и продуцент Канје Вест стана милијардер

Раперот и продуцент Канје Вест стана милијардер

Магазинот „Форбс“ го објави името на уште еден милијардер.

Имено, раперот Канје Вест стана милијардер, благодарение на кошаркарските патики со неговото име што сопругот на најпопуларната американска старлета Ким Кардашијан ги развил во соработка со спортскиот бренд Адидас.

Познатиот рапер и продуцент долги годни соработуваше со Најк, но нивната соработка беше прекината во 2013 година кога Канје реши да го позајми своето име на „Адидас“, Во 2015 година Канје и Адидас ги лансираа првите патики заедно. Овој потег само пет години подоцна се покажува како извонреден за Канје, кој сега токму поради него влегува во елитното друштво на светски милијардери.

Еден пар на најновите патики со потпис на Канје Вест во САД чини 200 долари.

Форбс исто така изјави дека Канје Вест со години го притискала списанието за да се наведе како еден од мега богатите луѓе на нивниот список, но тие не сакале да го сторат тоа заради недостаток на докази.

На листата на милијардери на Форбс е и сопругата на Канје, Ким со богатство од 1,3милијарди долари.

ЕУРО 2020

Македонија