вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 14
home Познати

Раперка починала по зголемување на задникот, докторот со шокантна изјава: Умре зашто мораше да умре!

Раперка починала по зголемување на задникот, докторот со шокантна изјава: Умре зашто мораше да умре!

Фернанда Родригез, 43-годишната раперка од Бразил, починала од последиците на операцијата за зголемување на задникот. Сега се истражува дали нејзината смрт е докторска грешка или само сплет на околностите.

Фернанда операцијата ја правела во Рио де Жанеиро за да го отстрани вишокот маснотии од грбот, а потоа маснотиите и ги вбризгале во задникот.

До компликации дошло два дена по интервенцијата. Се жалела на болка во грбот и мајка и ја однела во болница, каде што веднаш ја ставиле на интензивна нега. Се испоставило дека починала од последици на сепса. Непознати супстанции биле измешани со масното ткиво од грбот пред да и бидат вбризгани во задникот. Докторите тврдат дека телото и ги отфрлило супстанциите и дека дошло до труење на крвта.

Во тек е полициска истрага.

Странските медиуми пишуваат дека клиниката немала здравствена дозвола, но сепак правеле операции кои им биле забранети неколку месеци претходно.

Докторот Вилсон Ернест Галарза, кој ја водел операцијата, наводно не е квалификуван пластичен хирург. Би можел да биде обвинет за убиство доколку се докаже дека хируршкиот зафат го вршел без професионално усовршување. Во понеделникот дал изјава, а притоа дошол во инвалидска количка, бидејќи неодамна доживеал мозочен удар.

Во изјавата Вилсон рекол дека извршил повеќе од 4.600 исти зафати и дека Родригез „умрела зашто морала да умре, бидејќи такви се животните околности“.

„Чекаме официјален одговор од Регионалниот лекарски совет и собираме и други сведочења. Ако се утврди дека немал експертиза за вршење на хируршкиот зафат, истрагата може да тече не само по линија на лекарска грешка, туку може да биде и кривично дело“, нагласиле истражителите.

Коронавирус