четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 115
home Познати

Рамос за свадбата испрати 500 покани, меѓу нив го нема Роналдо, а причината му е добро позната на целиот свет

Рамос за свадбата испрати 500 покани, меѓу нив го нема Роналдо, а причината му е добро позната на целиот свет

Еден од најдобрите светски дефанзивци и долгогодишен капитен на Реал Мадрид Серхио Рамос оваа сабота конечно се жени.

Велиме конечно затоа што Рамос со својата девојка Пилар Рубио се од 2012 година и со неа имаат три сина. Овој викенд парот одлучи да се венча, а на свадбата поканија 500-тини гости.

Како што пренесува „Marca“, на свадбата нема да присуствува некогашниот фудбалер на Реал Мадрид Кристијано Роналдо на кој Рамос не му опрости што ги напушти кралевите и замина во Јувентус минатото лето.

„Marca“ пренесува и дека тие двајца не се во најдобри односи, па Рамос не сакаше да го покани Роналдо на свадбата.

Без оглед на тоа, меѓу поканетите ќе бидат многу познати фудбалери и нивните сопруги.

Рамос го повикал својот некогашен колега од репрезентацијата Жерард Пике кој ќе дојде со својата девојка Шакира, а тука исто така ќе биде и Дејвид Бекам и неговата долгогодишна сопруга Викторија.

Меѓу гостите исто така ќе биде и претседателот на Реал Флорентино перез и тренерот Зинедин Зидан, но не е познато дали ќе дојде некогашниот голман на овој клуб Икер Касиљас.

Тој е повикан, но не се знае каква ќе биде неговата здравствена состојба поради срцевиот удар кој се случи пред неколку недели.

Инаку, шпанските медиуми пренесуваат дека Рамос платил милион евра за на свадбата да пеат „AC/DC“.