четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 180
home Познати

Рајот се крие зад ѕидовите: Вака изгледа дворот на Сека Алексиќ – ОАЗА ЗА УЖИВАЊЕ!

Рајот се крие зад ѕидовите: Вака изгледа дворот на Сека Алексиќ – ОАЗА ЗА УЖИВАЊЕ!

Сека Алексиќ го украси својот дом во гратчето во Војводина по нејзин вкус и потреби. Покрај луксузниот ентериер, Сека уреди и двор со многу зеленило, но и базен. Сè е подредено на уживањето на семејството Пиљикиќ-Алексиќ.

Имено, пејачката снимила момент на уживање во базенот кој е опкружен со палми и зеленило.

Веднаш до базенот се наоѓа лулашка каде пејачката ужива во моменти на релаксација.

Околу базенот се поставени лежалки и настрешница и Сека со следбениците на Инстаграм сподели како изгледаат тие моменти во кои ужива. Подигнати нозе и поглед на базен.

Да потсетиме, пејачката во 2009 година почна да го гради својот замок од соништата на голема парцела, во близина на Стара Пазова.

За вилата со базен, се вели дека вреди околу 500.000 евра.

Коронавирус