петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 132
home Познати

Рајко од „Нови фосили“ со тешки повреди на главата завршил во болница (ДЕТАЛИ)

Рајко од „Нови фосили“ со тешки повреди на главата завршил во болница (ДЕТАЛИ)

Индекс.хр јавува дека се случила сообраќајна незгода во која учествувал Рајко Дујмиќ. Несреќата се случила попладнево во Стари Лаз.

Полицискиот службеник за односи со јавност на Полицискиот оддел Приморје-Горски Котар, Свемирка Миошиќ, за Индекс потврдила дека се случила сообраќајната незгода, но таа не може да потврди кој е повреден.

-Сообраќајната несреќа се случила околу 17:20 часот, во околината на Равна Гора во Стар Лаз. Автомобилот го управувал 65-годишен Хрват и тој слетал од патот, изјавила таа.

Неофицијално потвдува дека Рајко од “Нови Фосили“ е повреден и дека брза помош го превела во Клиничка болница во Ријека. Таа исто така вели дека се здобил со сериозни повреди.

-Според досегашните информации, веројатно има посериозни повреди, но ќе можеме да го потврдиме тоа по лекарски преглед, заклучи таа.

На интензивна нега е и стабилен

Како што дознава 24сата, Дујмиќ е на интензивна нега откако се здобил со тешки повреди на главата. Тој е во стабилна состојба.

Откако излетал од патот, тој паднал од автомобилот.

 

Коронавирус