петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 10
home Познати

Рада Манјловиќ депортирана од Швајцарија: Оваа грешка може на секој Македонец да му се случи, но пејачката ја чинеше скапо!

Рада Манјловиќ депортирана од Швајцарија: Оваа грешка може на секој Македонец да му се случи, но пејачката ја чинеше скапо!

Радмила Манјловиќ вчера доживеала огромна непријатност. Како што пишуваат српските медиуми, таа во Швајцарија била задржана повеќе од еден час и тоа поради проверка.

Таа, имено требала да настапува вчера во Швајцарија, меѓутоа, бидејќи немала работна виза во пасошот не успеала да дојде до одредиштето. Некогашната учесничка на „Ѕвездите на Гранд“ од 17 часот била задржана на проверка, а потоа депортирана.

-Имав виза, се беше платено и отштампано, платен и данок за мојот настап, а не ме пуштија затоа што немам работна виза во пасошот. Немам виза во пасошот затоа што тие не работеа поради Ноќта на вештерките. Многу ми е жал за публиката. Јас концерти не откажувам ниту кога сум мртва болна. Настапот повторно ќе го закажеме, овој пат нема да биде празник се надевам. Бирократија е тоа, не сум прва ни последна со ваков проблем – рекла пејачката.

Најнови вести