вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Работел како хигиеничар и портир, а денес е меѓу топ 100-те филмски ѕвезди на сите времиња

Работел како хигиеничар и портир, а денес е меѓу топ 100-те филмски ѕвезди на сите времиња

Холивудскиот актер Том Круз, пред да стане славен работел како хигиеничар и портир, а денеска неговото богатство се проценува на повеќе од 350 милиони долари.

Том Круз Мапотер IV е вистинското име на Том Круз кој денеска не би го гледале во легендарните филмови ако отидеше по повикот за свештеници.

Како многу религиозен, Круз во минатото им се придружил на Франевците и сакал да стане свештеник, се додека во училиште не пробал да глуми.

Се наоѓа меѓу топ 100-те филмски ѕвезди на сите времиња, а вчера го прослави 56. роденден.

 

Како мал играл хокеј на трева, но престанал откако се повреди и го оштетил предниот заб.

-На 18 години го напуштив училиштето и отидов во Њујорк да станам актер, не ни сонував дека ќе постигнам волку, рече Том, кој е роден во Кентаки, а има германски, ирско и англиско потекло.

 


-Имам подпросечна висина и не сум многу згоден, барем тогаш не бев, а веќе за пет години снимив некои од своите најголеми филмови, признава актерот висок 170 сантиметри кој во 90’ беше меѓу најплатените актери во светот.

ПРвата мала улога ја имаше во 1981. во филмот „Endless Love“, а потоа се нижеа „Top Gun“, „The Color of Money“, „Rain Man“ и „Born one Fourth of July“. На филмовите како „Mission impossible“ заработи и 15 милиони долари по филм.

По неколку години во Холивуд, повторно и се посвети на верата, поради што, како што претходно има изјавено, му пропаднале сите бракови. Во првиот брак беше со Мими Роџерс, па Никол Кидман и Кејти Холмс.

Коронавирус