четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 162
home Познати

Пукна тиквата: Милијардерот сакал да се ожени со Емина Јаховиќ, таа го откачи

Пукна тиквата: Милијардерот сакал да се ожени со Емина Јаховиќ, таа го откачи

Роднина на Емина Јаховиќ открива дека пејачката не сакала повторно да се мажи, по што милијардерот „полудел“.

-Во последниот месец дена тие се караа секојдневно. Седетин постојано и говорел како е време да се венчаат. На Емина оваа идеја никако не и се допаднала, таа во јуни се разведе од поранешниот сопруг и тоа за неа беше голем стрес. Се уште не е подготвена да се земе за некого, затоа се одлучи да се раздели. Не можеше повеќе да трпи гушење и притисок од Седетин. Тоа и онака не беше сериозна врска иако медиумите од тоа правеа спектакл, вели изворот за српски медиуми.

Раскинувањето на пејачката го потврдија и од нејзиниот тим за односи со јавноста.

Инаку претходно и Емина даде изјава и да одговори зошто никогаш повеќе нема да се омажи:

-Мене е тешко да ме освој човек, имам малку врски во животот и тоа може да биде само маж кој ме сака и почитува. Не размислувам за венчавка и не сакам повеќе да се венчам. Зошто жена која се остварила како мајка и поминала развод повторни би рекла „ДА“? Заради што?, прашува Емина и додава дека од секогаш сакала да има ќерка и дека можеби еден ден таа ќе присвои девојче кога ќе ги постигне своите работни планови и амбиции.