понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 79
home Познати

Прва исповед на легендарниот српски пејач за синот кој го уби најдобриот пријател

Прва исповед на легендарниот српски пејач за синот кој го уби најдобриот пријател

Додека во медиумите секојдневно се огласуваат оние кои се на естрадата неколку месеци или само неколку години, живите легедни како што е Синан Сакиќ се појавуваат дури тогаш кога во нивниот приватен живот ќе се случи скандал или несреќа која го заслужува медиумското внимание.

Токму за тоа зборува Синан во големата исповед за синот Рашид кој е осуден на 12 години поради убиство на Драгољуб Деспотовиќ во Лозница, во мај 2002 година.

Како што вели Синан, никогаш никој не рекол дека неговиот син пукал откако пукале во него, но и покрај се, не го брани. Напротив, татко му само еднаш му бил во посета. Еднаш и никогаш повеќе.

-Нему 4 куршума му се испукани во грбот и тој се бранел, па пукал и тој. И тоа никој жив не го спомнал. Никој жив, никогаш, а четири куршуми доби во грб. А тоа дете го сакав како син ми. Му купував тренерки на синот, му купувава и на другар му, му купувам патики на син ми, му купувам на другар му. Тоа беа деца кои спиеја заедно, кои не можеа еден без друг ни секунда- ја започнал приказната Синан кој објаснил како дошло до пукањето.

-Детето излегувало од автомобил и одеднаш од грб му биле испукани 4 куршума. Потоа тој пукал и го убил најдобриот другар. Не бранам никого, само жал ми е за двајцата, додал Синан.

Синан не му отишол на синот во болница, а во затвор го посетила само еднаш.

-Не бев кај син ми во болница, бидејќи ми беше жал. Во затвор го посетив само еднаш. Му реков: Ти знаеш колку ве сакав двајцата. Секој нека го носи својот товар, а јас веќе тука не доаѓам. Ако ти треба нешто, ќе ти пратам, но јас веќе не доаѓам- раскажал Синан за синот кој наскоро би требало да излезе од затвор.

Најнови вести

Коронавирус