четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 185
home Познати

Прва фотографија по најавата за развод: Фаталниот заводник никој не го препознал, велат дека „пропаднал“

Прва фотографија по најавата за развод: Фаталниот заводник никој не го препознал, велат дека „пропаднал“

Популарниот актер, кој врвот на својата слава го достигна со улогата во хит-серијата „Игра на тронови“ и филмот „Аквамен“, Џејсон Момоа (42), неодамна одлучи да стави точка на љубовната приказна долга 21 година со Лиса Бонет (54), со која има две деца, ќерка Лола (14) и син Нако Вулф (12).

Тие крајот на својата љубов го споделија во заедничка објава на Инстаграм.

„И така ја споделуваме веста дека се разведуваме. Не затоа што мислиме дека треба да се соопшти тоа, туку за да продолжиме со своите животи достоинствено и чесно. Љубовта помеѓу нас продолжува, се развива на начин на којшто сака да биде познавана и живеена. Се ослободуваме еден од друг за да бидеме она што учиме да станеме“, напишаа бившите сопружници тогаш.

Неодамна во јавност се појавија и првите фотографии од атрактивниот актер по разводот, а судејќи по нив, Џејсон се однесува како ништо да не се случило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Папараците го фотографирале актерот пред продавница во Лос Анџелес, а Момоа во раката носел картонска кутија.

Неговиот стајлинг бил комплетно опуштен, а лицето се обидел да го покрие со црна беретка и маска во истата боја, како и со очила за сонце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Особено интересно е тоа што актерот не носи венчален прстен, а по толку години тоа е детаљ што навистина привлекува внимание.

Да се потсетиме, одредени светски медиуми ја обвиниле контроверзната колешка на актерот Амбер Херд за ненадејниот развод на Џејсон и Лиса, со која популарниот Аквамен продолжил да се гледа и по снимањето на тоа филмско остварување.

Најнови вести

Коронавирус