четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 115
home Познати

Прв пат уловен гол: Принцот Чарлс облече цветни шорцеви на плажа, додека Камила изгледа како просечна баба (ФОТО)

Прв пат уловен гол: Принцот Чарлс облече цветни шорцеви на плажа, додека Камила изгледа како просечна баба (ФОТО)

Принцот Чарлс (70) , наследник на британската круна, за прв пат по 40 години е фатен папарацо на плажа на Карибите, заедно со сопругата Камила (71).

Двојката е на 12-дневна турнеја на егзотичните острови, а ќе ги посети и Кајманските острови. Принцот не е фатен во костим за капење уште од 1980 година, кога е фотографиран во Сиднеј.

Костимот за капење на Чарлс е „Vilebrequin“, омилениот бренд и на актерите Бред Пит и на Џорџ Клуни.

За безбедноста на кралската двојка се грижат телохранители кои им ги носат пешкирите на плажа.

Принцот Чарлс е поранешно воено лице и страствен играч на поло.

За време на официјалните обврски, принцот Чарлс се сретна на Барбадос и со поп-ѕвездата Лајонел Ричи со кого се потсетија на неговите хитови од 80-тите.