вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 34
home Познати

Прв исказ на возачот кој тешко ја повреди српската водителка- откри чија е вината за страшната несреќа

Прв исказ на возачот кој тешко ја повреди српската водителка- откри чија е вината за страшната несреќа

Во Основното обвинителство во Белград, во својство на осомничен бил сослушан Б.Ј. возачот кој управувал со автобусот кој удри во српската водителка и ѝ ја откина раката, детално изнесувајќи ја својата одбрана по повод кривичното дело „тешко дело против безбедност во јавниот сообраќај“, рекла портпаролката на обвинителството Александра Џенадиќ.

Тој смета дека автобусот со кој возел бил уреден и дека кочниот систем бил исправен.

Додал дека патниците при излегувањето од автобусот на тоа место исто така се лизгале.

Изразил жалење поради се што се случило, напоменувајќи дека повеќе пати се распрашал за состојбата на повредената девојка која во таа несреќа била тешко повредена.

Обвинителството планира во продолжение да постапката да ги испита сведоците, односно учесниците во незгодата.

Коронавирус