четврток, 22. април 2021. Вести денес: 65
Во живо

Протест на угостителите и туристичките агенции

home Познати

Прозборе таткото на Меган Маркл: Се извинив повеќе од 100 пати, тука сум ако ме сака

Прозборе таткото на Меган Маркл: Се извинив повеќе од 100 пати, тука сум ако ме сака

Таткото на Меган Маркл, Томас (76) со кого таа не е во добри односи, проговори за медиумите по големото интервју на неговата ќерка и принцот Хари кај Опра Винфри.

Томас денеска ги коментираше зборовите на ќерката дека „ја издал“.

-Сите правиме грешки, но јас никогаш не играл гол билијард и не се облекував како Хитлер, како што Хари тоа го правеше, изјавил Томас.

Тој открил дека „се извинил повеќе од 100 пати“. Воедно негирал дека членовите на кралското семејство и британската јавност се расисти истакнувајќи дека таквите изјави на ќерката и зетот се „вистинско ср**е“.

Томас додал дека иако ја изневерил Меган, и таа него му го направила истото откако ги прекинала сите врски со него по неговата операција на срцето.

-Таа не ме загуби. Дала изјава во која вели дека го изгубила таткото,но тоа не е тачно, јас секогаш бев со неа, тука сум за неа и сега ако ме сака, изјавил Томас.

Коронавирус