четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Протекоа тајни на кралското семејство

Протекоа тајни на кралското семејство

Мајк Маркл тврди дека за однесувањето на Меган е виновен нејзиниот татко кој ја разгалил и ја третирал како да е принцеза.

Мајк Маркл, чичко на војвотката Меган, во разговор со британските медиуми одлучил да ја изнесе својата страна од приказната за својата внука која веќе подолго време е во “војна“ со членовите на кралското семејство.

Тој тврди дека обвиненијата на сметка на Меган воопшто не го чудат поради тоа што, како што вели тој, таа отсекогаш била тврдоглава и разгалена.

„Кога почна да напредува со социјалниот статус таа своето семејство го заборави, барем јас имам таков впечаток“ – раксажал тој за “Daily Mail“.

„Мојот брат ја разгали“ – рекол нејзиниот чичко.

Тој додал дека тоа е вообичаено е за оние луѓе кои доаѓаат од работнички семејства и одеднаш стануваат дел од елитата. Тој открил и дека не го изненадува тоа што таа не е во добар однос со Кејт Мидлтон.

„Според своите вработени се однесува грозно. Таа се однесува како принцеза затоа што Томас ја третираше така“ – изјавил Мајкл.

Мајк, како ни останатиот дел од семејството Маркл, не бил поврзан со венчавката на Меган и Хари.

Меѓутоа, тој тврди дека за тоа не ѝ замеруваат, но сепак открил дека му е жал поради тоа што Меган заборавила дека него ќе му биде мило доколку таа одлучи да му се јави.

Најнови вести