вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 83
home Познати

Проштално писмо на Жарко Лаушевиќ: Глоги, чекам да се чуеме… за викенд

Проштално писмо на Жарко Лаушевиќ: Глоги, чекам да се чуеме… за викенд

Болката по смртта на блиските луѓе на Небојша Глоговац, но и на неговите обожаватели не стивнива. Сега со емотивно писмо од својот пријател Глоговац се прости и актерот Жарко Лаушевиќ.

Ова е неговото писмо:

Драги Глоги!

Ја читам твојата порака од пред некој ден:

-Знам дека ќе биде добро… Ќе разговараме… Само малку да мине ова лудило… Што велат, Србите паметат до четврток, така што се слушаме за викенд, а до тогаш еве ти неколку вицови.

Есеноска чекајќи превоз на аеродром во Бостон, правевме планови нешто да работиме заедно. Ми рече: Ќе работиме сигурно или овде или таму. Тогаш ти стигна порака и скокна како мало дете:

-Добив награда во Лондон! Тоа беше награда за најдобар актер на престижен европски фестивал.

Сите ние понесени од чувството на голема гордост, ја одигравме последната изведба на „Хадерсфилд“. И таа ноќ како и на целата канадско-американска турнеја, гледав на сцената, од страна, нем од среќа што присуствувам на едно чудесно предавање и давање себе на глумата, какво што порано немав видено.

Мојата најстара ќерка со години имаше омилен и најдобар актер. Тогаш еден ден бојажливо ми рече: Тато, ти повеќе не си мојот најдобар актер!

-Ах, кој е тој што на моето чедо му го помати разумот – тивко процедив.

-Небојша Глоговац – ми рече тивко. Ја прегрнав.

-Па тој и за мене е најдобар актер – и признав јас.

Глоги, откако чув за твојата болка, тргнав да пишувам за нас. Па да одиграме… Или овде или таму.

И чекам да се слушнеме… за викенд.

Твој Жарко.

Коронавирус