сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 94
home Познати

Програмата прекината, глумци влетаа во студио: Сето ова поради Јована Јоксимовиќ (ВИДЕО)

Програмата прекината, глумци влетаа во студио: Сето ова поради Јована Јоксимовиќ (ВИДЕО)

Водителката Јована Јоксимовиќ денес го слави 38-от роденден, а пред камерите по тој повод и беше подготвено изненадување.

Овој пат во утринската програма на српска ТВ Прва, која ја води Јована и Срѓан Предојевиќ гости беа актерите Горица Поповиќ и Иван Михаиловиќ кои одлучија на водителката на оригинален начин да и го честитаат роденденот.

Кога беше планирано да почне нивното гостување, тие направија нешто кое не го очекуваа ниту гледачите, а ни Јована. Во студиото влегоа со музика, Иван свиреше на гитара, додека Горица и пееше на Јована роденденска песна.

Убавата водителка ова исклучително ја израдува, па видно изненадена им се заблагодари од срце.