сабота, 23. февруари 2019. Вести денес: 1
home Познати

Проговоре ќерката на славниот рапер: Тој е монструм!

Проговоре ќерката на славниот рапер: Тој е монструм!

Откако се појави новата документарна серија за славниот американски рапер “Surviving R. Kelly”, за односот со својот татко проговорела и неговата ќерка.

Буку Аби (чие вистинско име е Џоан Кели), на Инстаграм објаснила зошто досега не проговорела во јавноста. Таа напишала дека не зборувала за својот татко поради својот мир и емоционалната состојба. Вели дека сето тоа влијаело на неа и сѐ уште ѝ е тешко да го испроцесира она што се случувало.

Но, Аби открила и дека воопшто не комуницира со Ар Кели.

 

View this post on Instagram

 

The hottest /

A post shared by Buku Abi (@bu.k.u) on

“Поминаа многу години откако моите браќа и јас зборувавме со него или го видовме”, вели таа и додава дека ниту нејзината мајка не комуницира со него.

“Чудовиштето со кое сега ме соочувате е мојот татко. Сосема сум свесна кој е и што е тој. Пораснав во неговата куќа”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Buku Abi (@bu.k.u) on

Кели веќе со години негира дека направил нешто, и покрај бројните обвиненија од жени кои споделиле шокантни приказни за неговото однесување, пишува “Page Six”.

Во музичката индустрија, бројни ѕвезди веќе започнаа да се дистанцираат од Ар Кели, а некои како Лејди Гага јавно го критикуваа.

Од друга страна, по излегувањето на документарецот, неговите музички сервиси бележат двојно поголема посетеност. Кели е под истрага и во Џорџија.