Ријалити ѕвездата Кајли Џенер ги шокираше фановите откривајќи дека во потполност ги отстранила силиконите од усните.
Кајли е позната по естетските операции, а една од највпечатливите беа усните кои ги зголеми на 16 години, што може да се каже дека станаа нејзин заштитен знак.
Сепак, американската ѕвезда по неколку години промовирање на ваков изглед се реши во потполност да ги отстрани силиконите, а својот нов изглед го презентираше на социјалната мрежа Инстаграм.
Оваа промена предизвика воодушевување, па следбениците и пишуваа дека сега изгледа многу поубаво и поприродно, и оти оваа одлука е вистински избор.