сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Познати

Принцот Вилијам со посебно изненадување за Кејт Мидлтон за Дeнот на вљубените

Принцот Вилијам со посебно изненадување за Кејт Мидлтон за Дeнот на вљубените

Британскиот принц Вилијам за сопругата Кејт Мидлтон планира посебно изненадување за Денот на вљубените, пренесуваат западните медиуми додавајќи дека се работи за романтична вечера.

Според некои извори, принцот Вилијам резервирал романтична вечер во својот омилен италијански ресторан во Лондон.

– Вилијам и Кејт често го посетуваат тој ресторан, тоа им е омилено место каде имаат одредено ниво приватност. Ним им е тешко да излезат некаде, а притоа никој да не ги следи или да гледа во нив. Вилијам има своја нежна страна и сигурна сум дека за својата Кејт веќе обезбедил честитка, убав поклон, а можеби и тивка вечера дома, изјави Кејти Никол – познавач на кралското семејство.

Двојката минатата недела е фотографирана како се држи за раце во Јужен Велс, каде што се запознале додека биле студенти, 2001 година. Во брак се 10 години и „нивната љубов оттогаш само расте“, според колумнистката.

– Не знам дали принцот Вилијам би признал, но тој е прикриен романтичар. Ќе се потруди Кејт да се почувствува посебно на Денот на вљубените, додава Никол.

Најнови вести

Парламентарни избори 2020