среда, 15. јули 2020. Вести денес: 82
home Познати

Принцот Вилијам и принцезата Кејт волонтираат во сервис за психолошка помош од пандемијата

Принцот Вилијам и принцезата Кејт волонтираат во сервис за психолошка помош од пандемијата

Британскиот принц Вилијам откри дека волонтира како член на кризната екипа за пружање психолошка помош на лицата чие ментално здравје е загрозено со продолжената изолација за време на пандемијата на коронавирусот.

Станува збор за СМС сервис што е достапен 24 часа дневно, а е формиран од фондација на британското кралско семејство.

Според американските медиуми, волонтерскиот ангажман на Вилијам е обелоденет синоќа, кога, по повод Неделата на волонтери, на социјалните мрежи самиот ја објави содржината на минатомесечниот видео повик во кој им кажува на другите волонтери дека и самиот учествува во сервисот.

Во сервисот има повеќе од 2.000 доброволци, кои формално се обучени да пружаат психолошка помош, а сопругата на Вилијам, принцезата Кејт, е вклучена во слични активности, и преку видео повици разговара со некои од лицата кои се наоѓаат во самоизолација или се загрозени во текот на пандемијата.