среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 59
home Познати

Принцот Вилијам и Кејт бараат куќна помошничка- откако ја објавија срамната плата цела Велика Британија започна да им се смее

Принцот Вилијам и Кејт бараат куќна помошничка- откако ја објавија срамната плата цела Велика Британија започна да им се смее

Принцот Вилијам и неговата сопруга, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, сакаат да вработат чистачка, ама поради платата што ја нудат настана расправа на друштвените мрежи, пишуваат странските медиуми.

Кралската двојка бара чистачка која ќе почитува доверливост и дискреција, ќе има организиран пристап и ќе умее да сработи различни работи. Една од предностите на понуденото работно место е преселбата во Кенсингтонската палата, но и излети до дворецот Виндзор и Бакингемската палата.

Годишната плата е 19.140 фунти. Интернетот се „запали“ поради малата плата оти просечната плата во Велика Британија лани изнесуваше 36.611 фунти. Сепак, според интернет страницата за ваботување Glassdoor, платата што ја нудат Вилијам и Кејт е повисока од годишната плата на чистачките во Британија која изнесува 17.016 фунти.

Коронавирус