среда, 22. март 2023. Вести денес: 63
home Познати

Принцот Хари направи нешто прекрасно, но со тоа го прекрши протоколот (ФОТО)

Принцот Хари направи нешто прекрасно, но со тоа го прекрши протоколот (ФОТО)

Принцот Хари и официјално ја започна турнејата во Замбија, но овојпат без неговата сопруга, војвотката Меган Маркл.

Во моментот кога пристигна, тој беше пријатно пречекан од мештаните, а едно слатко мало девојче му подари и букет цвеќе кој тој со задоволство го прими.

Нешто подоцна, тој се сретна со претседателот Едгар Чагва Лунгу и одржа говор за сите присутни.

„Нашата цел е да создадеме платформа преку која ќе се слушне гласот на сите млади луѓе и преку која ќе можеме да им помогнеме на младите да ги остварат нивните цели“, заклучи принцот Хари.

На вториот ден од посетата целото внимание го украде едно девојче од организацијата CAMFED која се бори против тамошната сиромаштија и еманципација на девојчињата и младите жени.

Принцот Хари во еден момент го прекрши кралскиот протокол кој вели дека тие можат само да се ракуваат и го прегрна девојчето кое му остави неверојатен впечаток.

loading...

Најнови вести