петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Познати

Принцот Хари ќе присуствува на погребот на принцот Филип на 17-ти, но Меган нема- еве ја причината

Принцот Хари ќе присуствува на погребот на принцот Филип на 17-ти, но Меган нема- еве ја причината

Погребот на принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета Втора, ќе се одржи на 17 април во капелата на „Сент Џорџ“, во замокот Виндзор, соопшти денеска Бакингемската палата.

Церемонијата во Виндзор, западно од Лондон, која ќе се пренесува на телевизија, нема да има јавен елемент поради ограничувањата воведени поради коронавирусот. Пред почетокот на погребот на принцот Филип ќе му биде оддадена почит со национално едноминутно молчење.

Кралските власти соопштија дека на погребната церемонија ќе присуствува внукот на 99-годишниот Војвода од Единбург, принцот Хари, но неговата сопруга Меган, која е во подмината бременост, била советувана да не патува од САД поради медицински причини.

Коронавирус