среда, 17. октомври 2018. Вести денес: 0
home Познати

Принцезата Шарлот повторно главна ѕвезда: Во текот на поло натпревар каде учествуваше Вилијам, правеше нови акробации (ФОТО)

Принцезата Шарлот повторно главна ѕвезда: Во текот на поло натпревар каде учествуваше Вилијам, правеше нови акробации (ФОТО)

Принцот Вилијам вчера учествуваше во добротворен  кралски Масерати поло турнир во Глочестер, а неговото семејство уживаше во дружбата со пријателите додека го гледаа мечот.

И овој пат, принцезата Шарлот се најде во центарот на вниманието додека изведуваше различни акробации, а нејзиниот брат срамежливо гледаше од страна.

Принцот Џорџ беше воодушевен што може да прави забавни работи со роднината Савана Филипс, со кого добро се забавуваше и ден порано, додека ја следеа парадата од балконот на Бекингемската палата.

Кејт Мидлтон која се породи пред само шест недели, беше одлично расположена, иако цело не го тргаше погледот од децата, пренесува Дејли Мејл.

Малата Шарлот веќе по добриот стар обичај, се потруди да ги забавува сите околу себе, па во еден момент стоеше и на глава.

Парите собрани од добротворниот натпревар ќе помогнат да се соберат средства за две хуманитарни организации.

Принцот Вилијам инаку е искусен поло играч, а овој мече беше само еден од низата во кои ќе учествува со принцот Хари во текот на летото.

Браќата во вакви натпревари учествуваат од 2007 година, а добротворните организации со кои управуваат и чии покровители се, на тој начин досега собрале 12.5 милиони евра.

Се смета дека нивната љубов кон спортот дошла од нивниот татко, принцот Чарлс, кој како и неговиот татко Филип бил остар играч, а двајцата често се натпреварувале на турнирите.