Познати

Принцезата од Норвешка се омажи за шаман, а потоа настана скандал: Три месеци по венчавката откриена нејзината тајна

За гала прославата зборуваше цел свет, но никој не очекуваше дека по венчавката ќе следи ваков расплет на настаните.

Принцезата од Норвешка се омажи за шаман, а потоа настана скандал: Три месеци по венчавката откриена нејзината тајна

Норвешката принцеза Марта Луиз (52) се омажи по втор пат на крајот на август оваа година. Нејзиниот избраник е самопрогласениот шаман Дарек Варет. За нивната венчавка пишуваа сите светски медиуми. Сепак, неколку месеци по гала прославата се појавија проблеми.

Прославата чинела околу 85.000 евра, а некои компании започнаа и официјални барања за исплата. За ситуацијата проговори сопственикот на компанија која соработувала со парот за нивната венчавка.

-Морам да признаам дека навистина се радувавме да бидеме дел од прославата и убаво си поминавме. Но, не е убаво времето по прославата да стане помалку пријатно. Непристојно е да не ги подмирувате вашите долгови. Ми се чини како принцезата да побегна од сметката, рече тој за норвешките медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Märtha Louise (@iam_marthalouise)

Парот се венчаше во волшебниот амбиент на хотел на височините на Гејрангер, туристичко село на западниот брег на Норвешка, под голем бел шатор каде што младенците продаваа права за фотографии и видео.

Марта Луиз носеше бела венчаница и дијадема што и ја подарил за нејзиниот 18-ти роденден нејзиниот дедо, кралот Олаф, а Дарек носел црн костум со златен појас преку стомакот.

По коктелот, околу 350 гости, меѓу кои и принцезата Викторија од Шведска и нејзиниот сопруг принцот Даниел, беа поканети на гала вечера.

Како што пренесуваат странските медиуми, парот е должен и на хотелот во кој престојувале нивните гости, на компанијата која им го правела осветлувањето и била задолжена за звучната опрема, како и на помала локална компанија.

To top