Познатиот италијански боксер Даниеле Скардино не може да ја преболи презгодната Дилета и дури во едно телевизиско шоу се расплака кога го прашаа за раскинувањето на врската.
Таблоидите шпекулираа дека љубовната врска со боксерот згаснала бидејќи таа има афера со легендарниот Златан Ибрахимовиќ, со кого сними две реклами во последно време, а беа фатени на заедничка вечера потоа.
„Ја сакам! Таа ми беше најважното нешто во животот, нешто најдобро што ми се случило во животот. Боксер сум и не се фрлам на под, ама откако таа ме остави – нокаутиран сум! Сакам да ми се врати. Ќе направам сè за повторно да бидам со неа“, вели Даниеле.