петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 129
home Познати

Прија и Анастасија со месеци меѓу себе не зборуваа: Беа нераздвојни, а тогаш тој ги раздели (ФОТО)

Прија и Анастасија со месеци меѓу себе не зборуваа: Беа нераздвојни, а тогаш тој ги раздели (ФОТО)

Александра Пријовиќ и Анастасија Ражнатовиќ се смирија по неколку месеци дистанца и прекин на нивната комуниукација. Во прилог на тоа е фактот што за роденденот на Александра Пријовиќ, Анастасија Ражнатовиќ објавила неколку заеднички фотографии со Александра и упатила посвета со убави зборови. Пријовиќ веднаш ја сподели истата на својот профил.

Сепак, малкумина знаат зошто Пријовиќ и Анастасија се скарале? Дури до неодамна не се знаеше дека двете sвезди не зборуваат, но Пријовиќ неодамна призна дека некои злобни луѓе сакале да ги скараат, во што за малку ќе им успеело, бидејќи нивната релација се заладила некое време.

„Најлошо е што и двете му веруваа. Го знаеа и соработуваа со него долго време, и двете го сметаа за пријател, така да се каже. Кога пријателството се раѓа од соработка, нормално е да започнете да споделувате некои тајни и на крајот да откриете работи што не се за сечие уво. Токму тоа им се случи и на двете, без тие да имаат поим дека наводниот пријател ги злоупотребува и намерно им дава на обете погрешни информации за другата, со цел да ги скара. Почнал со бенигни работи, за да испадне дека се озборуваат една со друга, а потоа почна и да сее љeубомора меѓу нив.

Еднаш им ја раскажа истата приказна, како Анастасија му кажала дека и направил комбинација на облека на Александра од нејзината, па ја повторил таа приказна на друга страна, само ги заменил актерите. Потоа се префрли на чувствителното љубовно поле и малку по малку, се’ во стилот: „Ова меѓу нас и за твоее добро“, успеа да ги оддалечи една од друга.

За среќа и двете се мирни и не се осветољубиви, така што никогаш не паднаа тешки зборови и не се случија расправии, без разлика колку се трудеше обете да ги отруе. Двете само се повлекоа и кога се случи да се сретнат, отворено позборуваа за се и сфатија каква игра се играла. Се гушнаа и продолжија да се дружат“ – вели извор за „Свет“.

Коронавирус