Познати два месеци лекување во солун

Преживеаниот гитарист на ДНК за првпат се огласи во јавноста по трагедијата во „Пулс“

За гитаристот во бендот на ДНК, младиот штипјанец Горан Тонев конечно стигнаа добри вести. Тој по два месеца лекување во една од болниците во Солун, си замина дома, каде веднаш по несреќата со тешки повреди, беше испратен на лекување.

Преживеаниот гитарист на ДНК за првпат се огласи во јавноста по трагедијата во „Пулс“

За преживеаните членови на ДНК и нивната придружна група кои беа повредени во страшаната трагедија во клубот ПУЛС во Кочани малку се зборува. За нивната вистинска здравствена состојба малку се знае. Информациите стигаат од непотврдени извори, иако се што излезе во јавноста за нив беше дека работите одат на подобро и настарданите кои ја преживеаа страшната несреќа, поточно Панчо и гитаристот Горан Тонев успешно се опоравуваат. За Ана Костадиновска однапред се знаеше дека закрепнува и тоа многу повеќе од психолошката траума која ја преживеа, отколку од физичките повреди.

За гитаристот во бендот на ДНК, младиот штипјанец Горан Тонев конечно стигнаа добри вести. Тој по два месеца лекување во една од болниците во Солун, си замина дома, каде веднаш по несреќата со тешки повреди, беше испратен на лекување.

Тој на Фејсбук објави фотографија на која е со завои на главата, вратот и на рацете, кои говорат за повредите со кои се здоби во пожарот во дискотеката во Кочани.

На фотографијата, Горан е со болничкиот персонал кој се грижел за него изминатиов период.

-Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата „Папаниколау“- Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене. Моите чувства се измешани, колкушто сум среќен толку сум и тажен за загубата на сите деца ,а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии, објави Тонев на Фејсбук.

Инаку Тонев е дипломиран музичар на гитара на Музичката Академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кого јавноста го памети и по неговите настапи во 2020 година како дебитант на „Макфест“ во неговиот роден Штип со песната „Моја и твој“.

To top