вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 148
home Познати

Преубавата Дилета конечно проговори за односот со Ибрахимовиќ: „Тоа е неприфатливо за моите принципи…“

Преубавата Дилета конечно проговори за односот со Ибрахимовиќ: „Тоа е неприфатливо за моите принципи…“

Спортската новинарка која што машката популација ја сака најмногу, Дилета Леота, јасно проговорела за гласините кои што ги доживеа со 38-годишниот Златан Ибрахимовиќ.

Дилета претходно се појави во една реклама заедно со ѕвездата на Милан, па набрзо почнале да се шират гласини дека постои нешто помеѓу нив, но таа тогаш била во врска со италијанскиот боксер, а Златан одамна е во брак.

Во интервју за еден италијански магазин, Леота конечно ја разјаснила ситуацијата:

„Да бидеш со зафатен маж е неприфатливо за моите принципи, покрај целиот избор за светот мораш да имаш свест да не се доведеш до погрешни ситуации“ – изјавила Леота меѓу другото.

„Сега сум слободна. Отсекогаш сум била верна, морам само да соберам храброст и простор за длабинско запознавање на себе и носење на важни избори во животот“.

Дилета исто така го искоментирала и крајот на својата врска со боксерот Даниел Скардини:

„Не негирам ништо, меѓу нас постоеше длабока љубов“.

 

View this post on Instagram

 

ON SET 🎬

A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on

Потоа таа исто така коментирала и за тешкиот период кој што го поминала во текот на почетоците на спортското новинарство, кога се појавила на малите екрани, коментирајќи ги најголемите натпревари во Италија и интервјуирајќи ги најголемите спортски ѕвезди, а меѓу нив и Кристијано Роналдо.

„На почеток не беше лесно, колегата ми рече „те донесоа тука поради градите“, но поради таа причина сигурно не го напуштив „Sky“. Одлучив да одам во „DAZN“ затоа што тоа беше предизвик“ – заклучила таа.

 

View this post on Instagram

 

‘’Scegli di sorridere’’ io riparto sempre da li… buona la prima! #SerieA

A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on

 

View this post on Instagram

 

Ricominciamo ⚽️❤️

A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on

Коронавирус