вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Претставничката на Евровизија во неверување: На дебелите луѓе им забрануваат да летаат во авион, еве од што најмногу се дискриминирани

Претставничката на Евровизија во неверување: На дебелите луѓе им забрануваат да летаат во авион, еве од што најмногу се дискриминирани

Пејачката Бојана Стаменов која ја претставуваше Србија на Евровизија во 2015 година ја шокираше јавноста кога објави дека дебелите луѓе се дискриминирани на секаде.

Имено таа се пожалила дека не само што не може да пронајде облека за себе, туку и дека не може ниту пак да лета и да ужива во излегување со пријателите.

-Постои дискриминација на дебелите луѓе. Во кафулињата намерно ставаат столчиња со наслони за раце, што сакаат да им седат само згодни риби, а ние убавите и паметните немаме право да пиеме кафе? Да не зборувам за во авион, направени се така да не може да седне ниту долг, ниту дебел човек, се пожали пејачката Бојана, а потоа започна да објаснува што и е најтешко.

Таа додава дека дебелите жени имаат проблем да најдат градник за себе, верувале или не.

Најнови вести