недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 45
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Познати

Пресврт во кариерата на Ким Кардашијан, риалити- ѕвездата во Белата куќа рамо до рамо со Доналд Трамп

Пресврт во кариерата на Ким Кардашијан, риалити- ѕвездата во Белата куќа рамо до рамо со Доналд Трамп

Ким Кардашијан Вест сериозно го сфатила правничкиот повик па во Белата куќа зборуваше за социјално чувствително прашање.

Познатата старлета се појави на настан во Белата куќа, каде што одржа говор за важноста на интеграцијата на затворениците во општеството. Таа ја истакна важноста на вработување на поранешните затвореници и обезбедување на социјална сигурност за нив.

Ким одамна се залага за реформа на казнениот систем, а целиот настан беше пренесуван во живо на Твитер и на Инстаграм.

Поради своите активности, Ким се најде рамо до рамо со претседателот на САД Доналд Трамп, а во друштво на поголемиот дел од американската политичка елита ги изложат своите ставови за тоа како треба да се работи на системот на кривичната правда во САД.

Ким како почесна гостинка седеше меѓу Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер, и таа во својот говор не се стегаше да истакне колку е горда што е во Белата куќа и зборува за работи кои се важни за неа. Дури и Доналд Трамп во својот говор на отворањето на настанот потенцираше дека токму Ким седи во првите редови.