четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

ПРЕСВРТ: Го обвинуваше сопругот дека и ги киднапирал децата, сега Тања Савиќ се смири со него

ПРЕСВРТ: Го обвинуваше сопругот дека и ги киднапирал децата, сега Тања Савиќ се смири со него

Српската пејачка Тања Савиќ, пред неколку месеци го обвини сопругот Душан дека ги киднапирал децата и ги однел со Австралија. Тања јавно говореше дека Душан не и дава ниту преку видео повик да ги види синови, по што целата естрада застана зад неа и ја поддржи во борбата да си ги врати децата.

Сега пејачката за српските медиуми открива дека по низата скандали во јавноста, сепак се смирила со сопругот.

-Точно е дека Душан и јас се смиривме, првенствено заради децата. Синовите ги ставивме на прво место бидејќи сфативме дека за нив е најдобро да растат во Австралија. Редовно се слушаме. Макси и Ѓорѓе се пресреќни кога се гледаме преку видео повик. Мило ми е што и Душан го увиде тоа, па сега секојдневно ми дозволува да комуницирам со синовите преку неговиот телефон, вели Тања за српски Информер.

Пејачката вели дека едвај чека да оди во Австралија кај своите најмили кога ќе се смири ситуацијата со коронавирусот.

Коронавирус