Познати Гордост на мама

ПРЕСЛАТКО: Марија Шерифовиќ и нејзиниот син се облекоа исто, вака го прославија првиот роденден

Пејачката и овој пат објави фотографии од гала прославата што ја приреди за оваа убава пригода.

ПРЕСЛАТКО: Марија Шерифовиќ и нејзиниот син се облекоа исто, вака го прославија првиот роденден

Наследникот на пејачката Марија Шерифовиќ го прослави својот прв роденден.

Гордата мама често објавува фотографии и видеа од својот син, како и смешните моменти кои успева да ги сними, а малиот Марио го сака цела нација, иако Марија ја чува неговата безбедност и приватност и никогаш не го покажа своето лице.

Пејачката и овој пат објави фотографии од гала прославата што ја приреди за оваа убава пригода.

Имено, Шерифовиќ приреди интимна прослава за најтесниот круг на блиски луѓе, а на својот Инстаграм профил сподели фотографии со синот и ги воодушеви сите.

Марија и нејзиниот син беа облечени исто, а за оваа прилика избраа костуми во длабоко тиркизна боја, како што можеме да видиме на фотографијата која пејачката ја објави.

На многумина им се допадна и детската торта која имаше мотиви од цртан филм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

 

To top