вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 135
home Познати

Предбрачните договори на Џеј Ло, Бијонсе, Никол Кидман: 5 милиони долари за секое породување, секс 4 пати неделно

Предбрачните договори на Џеј Ло, Бијонсе, Никол Кидман: 5 милиони долари за секое породување, секс 4 пати неделно

Љубов или не, ѕвездите добро знаат дека е важно да си ги заштитат парите што ги имаат, но и за своите „брачни очекувања“ да се погрижат со договор, бидејќи единствено тоа гарантира дека нивните желби ќе се испочитуваат. Во која мера тоа некогаш може да биде лудо, а понекогаш и бизарно, докажуваат следниве примери.

Бијонсе и Џеј Зи

Кога Бијонсе и Џеј Зи се одлучија на брак, решија некои работи да ги „стават на хартија“. Со предбрачниот договор богатиот рапер се обврзал дека ќе и уплати по 5 милиони долари за секое породување, а во случај на развод таа ќе добие по еден милион долари за секоја година од бракот.

Нејасно е дали ако се породи со близнаци, ќе и уплати 10 милиони долари.

Никол Кидман и Кеит Урбан

Австралиската глумица одлучила да се осигура дека нејзиниот сопруг ќе остане на „вистинскиот пат“. Таа сакала да биде сигурна дека Урбан веќе нема да се дрогира, а во случај да консумира наркотици, бракот веднаш ќе биде поништен.

Бен Афлек и Џенифер Лопез

Иако наводно беа многу вљубени, не стигнаа до брак, но стигнаа до веридба, а тоа во Холивуд значи дека успеале да направат предбрачен договор.

Џенифер Лопез барала Бен да потпише дека во случај на неверство, половина од неговиот имот ќе и припадне нејзе.

Бен Афлек имал поинакво барање. Барал неговата идна сопруга правно да се обврзе на секс, најмалку четирипати неделно.

Ким Кардашијан и Каније Вест

Ако дојде до развод, Каније ќе мора на Ким да и исплати 10 милиони долари, но и да и ја остави семејната вила во која живеат, како и сите подароци што ги добила од него, а од кои повеќето се исклучително вредни.

Од друга страна, ако дојде до развод, таа нема да треба да го дели со него тоа што го заработила благодарение на нејзиното реално шоу.

Џесика Биел и Џастин Тимберлајк

Неверството е единственото нешто што Џесика го вметнала во предбрачниот договор.

Таа бара да добие половина милион долари отштета ако Џастин потклекне пред шармот на друга жена.

Коронавирус