недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 33
home Познати

Познато дали Џим Кери ќе одговара за смртта на поранешната девојка

Познато дали Џим Кери ќе одговара за смртта на поранешната девојка

Џим Кери нема да одговора пред законот поради смртта на поранешната девојка Катриона Вајт, пренесува Daily Mail.

Катриона во 2015 година се предозирала од лекови за кои не земала рецепт, недолго откако актерот конечно ја прекинал романсата со неа.

Последната СМС порака која ја примила била токму од него, а во неа пишувало: „Знаеш ли каде се моите таблети?“

Поради тоа, семејството на Катриона Вајт поднесе приватна тужба против Кери, обвинувајќи го актерот за смрта на Катриона, која со неговите лекови извршила самоубиство.

Кери уште од почетокот ги негираше овие обвиненија, додека неговите адвокати инсистираа дека нему не може да му се суди како „дилер на дрога“ ако Катриона ги украла неговите лекови, и дека тој на ниту еден начин не ја предизвикал нејзината смрт.

Семејството дополнително го обвини актерот дека Катриона ја заразил со полово пренослива болест, што придонело за нејзина тешка психичка состојба во очи самоубиството.

Мајката на Вајт и нејзиниот маж го обвиниле на суд актерот и истакнаа дека со пренесување на дури три полови заболувања и со „обезбедувањето“ на лекови довел до нејзина смрт, но сега „Холивуд Репортер“ пренесува дека обвинителството го испитало случајот и утврдило дека не постојат доволно докази за актерот да биде обвинет.

Најнови вести

Коронавирус