недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Познатиот режисер Мајкл Мур ја промовира Македонија како туристичка дестинација

Познатиот режисер Мајкл Мур ја промовира Македонија како туристичка дестинација

Американскиот режисер Мајкл Мур со објава на Фејсбук ја промовира Македонија како една од осумте земји во светот каде Американците може да патуваат без никакви ограничувања.

-Планирате патување за време на празниците? Сфаќате ли дека остатокот од светот нè смести во сопствен приватен затвор, нели? Сега ни е забрането да патуваме без ограничување скоро во секаде во светот. Само осум земји дозволуваат влез со американски пасош без никакви ограничувања (без карантин, без претходно тестирање, без виза, без ништо). Еве ги единствените нации во кои можете слободно да патувате како Американец: Северна Македонија, Косово, Тунис, Турција, Доминиканска Република, Мексико, Малдиви, Србија (има 23 други земји што ќе дозволат влез – но со ограничувања и карантини).

На крајот од објавата го промовира Скопје и хотелот Стар Конак.

Коронавирус