недела, 16. декември 2018. Вести денес: 66
home Познати

Познатиот фудбалер предизвика инцидент: Пијан заведувал девојка на пејач, па му го скршил носот

Познатиот фудбалер предизвика инцидент: Пијан заведувал девојка на пејач, па му го скршил носот

Турскиот фудбалер Арда Туран, предизвика тепачка во ноќен клуб, а во мешаницата настрада локалниот пејач Беркај, објавија медиумите во Турција.

Според информациите, Арда Туран бил пијан и се обидел да ја заведе девојката на пејачот, кој остро реагирал. Во тепачката Туран му го скршил носот на Беркај.

Пејачот веднаш бил однесен во најблиската болница за итна операција.

Арда Туран наводно и рекол на девојката на Беркај дека би спиел со неа ако не бил оженет.

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид на социјалните мрежи потврди дека имало инцидент, но одрече дека тој се случил поради неговите коментари кон девојката на Беркај. Сепак, не даде повеќе детали што точно била причината за настанатата ситуација.

МИА