петок, 25. септември 2020. Вести денес: 180
home Познати

Познатиот екс-Ју пејач е во кома и се бори за живот

Познатиот екс-Ју пејач е во кома и се бори за живот

Крунослав Киќо Слабинац е во индуцирана кома и животот му е во опасност.

Неговата состојба стана комплицирана по операцијата на срцето, пишува РТЛ. Му биле ставени неколку бај паса, но тој во последните неколку дена е во единицата за интензивна нега на КБЦ Загреб.

Веста ја потврди неговиот менаџер и долгогодишен пријател, Душко Локин.

“Сите очекувавме за неколку дена да излезе и дека ќе биде добро, а потоа дознав од моите пријатели, од Иван, неговиот син, дека ситуацијата не оди како што треба. Денес дознав дека тој е на респиратор. Зошто, не знам . Му пишувам секој ден, но гледам дека тој не ги отвора пораките “, вели Локин.

76-годишниот Киќо бил подложен на операција на срцето, која, наводно, тргнала наопаку, проследена со уште две операции. Тој е во индуцирана кома, бидејќи телото не можело да опстане во свесна состојба.

Коронавирус