вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 54
home Познати

Познатиот актер од „Ми нисмо анџели“ осуден на 10 месеци затвор

Познатиот актер од „Ми нисмо анџели“ осуден на 10 месеци затвор

Српскиот глумец Горан Јевтиќ е осуден на 10 месеци затвор поради сексуално злоставување на малолетник кое се случило во Народниот театар во Сомбор, северна Србија.

Јевтиќ (41) првин бил осуден на 10 месеци домашна казна затвор поради недозволени полови дејствија. Но, судот потоа одлучи дека сепак, глумецот нема да може казната да ја издржува во својот стан, туку во затвор.

Според судските извештаи, сексуалниот напад се случил 2014 година, над лице кое тогаш имало 16 години. Глумецот за време на забавата по манифестацијата Театарски маратон, во доцните вечерни часови го принудил оштетениот на орален секс.

Јевтиќ ги негираше овие наводи, а откако за случајот дозна цела јавност, некои негови колеги актери застанаа во негова одбрана.