недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Познати

Познатиот актер ја запроси 11 години помладата манекенка: Романтика на море за Нова Година (ФОТО)

Познатиот актер ја запроси 11 години помладата манекенка: Романтика на море за Нова Година (ФОТО)

Вилмер Владерама, најпознат по улогата на Фез во серијата „Луди 70-ти“, наскоро ќе застане пред олтарот. Актерот среќните вести ги открил на Инстаграм така што објавил фотографија која настанала во моментот на запросувањето.

Манекенката Аманда Пачеко ја запросил точно на Нова година, а разликата меѓу нив од 11 години не им попречила својата љубов да ја крунисаат со веридба.

„Отсега сме само ние“, напишал Валдерама на фотографијата која многу брзо собрала повеќе од 300.000 лајкови и неколку илјади воодушевени честитки.

Истата фотографија на својот профил ја објавила и неговата вереница.

Гласините за нивната врска се појавиле во април минатата година кога биле видени на романтична прошетка во Лос Анџелес, а пред Аманда актерот бил во врска и со Деми Ловато и Менди Мур.

Дури и со поранешните девојки и понатаму е во добри односи, па токму тој и’ бил најголема поддршка на Деми откако се предозирала и се лекувала од зависности.

 

Извор: Убавина и здравје

Најнови вести

Коронавирус