вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 24
home Познати

Познатиот актер и режисер доживеал срцев удар

Познатиот актер и режисер доживеал срцев удар

Режисерот, сценарист и актер Кевин Смит преживеал тежок срцев удар во неделата навечер.

Смит (47) веста ја објави на Твитер споделувајќи ја фотографијата од својот болнички кревет. Тој објаснил дека до нападот дошло по завршување на стенд-ап шоу.

-По првото шоу вечер имав силен срцев удар. Докторите кои ми го спасија животот ми кажаа дека предната артерија целосно била блокирана, напишал актерот.

Тој додал дека да не го откажел второто шоу не би преживеал.

-За сега се уште сум над земја, додал тој.

Познато е дека Смит целиот живот се бори со дебелината, а во еден момент имал дури 180 килограми. Со разни животни промени успеал да стигне до 95 килограми.

Коронавирус